Струмица ја плати „јадранската“ сметка на АВ Охрид

На АВ Охрид можеби не му оди најдобро во АБА 2 лигата, но уште е во игра за пласман во Супер лигата од македонското кошаркарско првенство. Сметката за лошите резултат во јадранското друштво ја плати Струмица која во “Билјанини извори” е совладана со 103:61.

На охриѓани им требаат 7-8 минути да се разиграат, но кога тргнаа, немаше спас за гостинот. Една низа од 10:0 беше доволна за водство од 21:15, а потоа со помали серии само се зголемуваше разликата.

Струмица тотално падна во третата четвртина која АВ Охрид ја доби во своја корист со 27:9 по што на сите им стана јасно дека ќе домашниот тим ќе оствари убедлив триумф.

Новиот играч Јунаковиќ беше најефикасен со 18 поени, а Зафиров постигна 15 во тимот кај АВ Охрид. Делипетров ја предводеше Струмица со 24 поени.

Со оваа победа АВ Охрид стигна до шестата позиција на табелата, додека Струмица и натаму е на последното место со само еден триумф.

маркетинг


Select
Ознаки: