Струмица го положи тестот, на „Младост“ ќе се игра и дуелот Македонија – Албанија

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија помеѓу Македонија и Албанија најверојатно ќе се игра во Струмица. Финалето на Купот меѓу Шкендија и Пелистер беше и своевиден тест и на 5 септември веројатно стадионот „Младост“ ќе биде поприште на уште еден голем дуел.

Струмичани ги исполнија сите услови, тревнатиот терен е во одлична кондиција, подтрибинскиот простор и соблекувалните се според правилата на УЕФА, а за овој натпревар дополнително ќе биде подготвена и ВИП и новинарската ложа.

Многу веројатно нашата репрезентација својата база ќе ја има во Скопје и ќе отпатува во Струмица на еден ден пред натпреварот за официјалниот тренинг. Првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скадар минатата година заврши со победа на Албанија со 2-1.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,