Струмица е антички град, постар од 2500 години

По скоро една деценија, археолошките истражувања на Царевите Кули завршија. Главниот раководител, Зоран Рујак вели дека поголемиот дел од истражувањето на овој богат локалитет е завршен, но дека се останати и уште неколку делови, кои се оставени за идните генерации, нешто и тие да истражуваат.

Имено, кога станува збор за остатоци од античкиот период, пронајдени се пет огромни јами, кои се посведочени со монети од Алксандар Велики и Филип Втори. Тие јами биле во функција на градот Струмица, односно на градската населба која никнува долу, под Царевите Кули – раскажува Рујак.

Според него, најверојатно станува збор за некое светилиште, во кое градското население се искачувало. Во тие огромни јами ги закопувале подароците за тогашните светци, што би значело дека Струмица како градска населба живеела од 420-430 година п.н.е. па до денес, односно дека градот постои повеќе од 2.500 години

маркетинг


Select
Ознаки: