СТОРИЈА НА ДЕНОТ: СТРУМИЦА НА ПАТОТ НА СВИЛАТА!

Одгледувањето на свилената буба, одгледувањето на црници во Струмица било важен дел од струмичкото стопанство во првите децении од минатиот век. Тоа е времето на модернизацијата на стопанството во градот и регионот, градењето на чаршијата, пазарот, отварањето на мануфактури и банки.

За тоа сведочи и оваа Акција на 1000 динари од свиларската банка во Струмица издадена 1927 година, печатена во Нови Сад, а објавена на Дигиталната Народна Библиотека во Белград.

Колку што може да се забележи од она што стои во потписот, директор на банката бил Белев, а претседател на Управен одбор Ѓорги Морарцалиев. Печатот на оваа реконкструкција тешко се забележува.

Банка која дава подршка на оние кои одгледуват свилена буба” за да се создаде свилен конец. Од кожурците на бубата се правел свилениот конец. Конецот се продавал скапо но сепак одгледувачите не биле посебно богати. Заради тој процес порано во Струмица имаше многу стари дрва од Црничка. Нејзините лисја се користеле за одгледувањето на бубата.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,