СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“-СТРУМИЦА НА КАРНЕВАЛОТ ВО РИЕКА!

 

Карневалската група на Средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица учествуваше на карневалот што се одржа во Риека, Хрватска.

Струмичките карневалисти пред многубројната публика во Риека се претставија со една од своите маски со која учествуваа на домашниот карневал.

За претстојното издание на Интернационалниот Струмички карневал, кој почнува за два дена и за главната карневалска вечер, која се одржува в сабота, учениците и професорите од „Никола Карев“ подготвуваат масовна маска со над 50 учесници.

Во последите неколку години маските на оваа карневелска група постојано освојуваат награди на Струмичкиот карневал.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,