Софија Манчева ја презентира новата урбана колекција на модното Студио “Милковски”

Модното студио “Милковски” по краткa пауза се враќа повторно на модната сцена, со новата колекција преку која го редифинираат урбаниот стил со додавање на елементи на чистота и елеганција, но се задржува немирниот дух.

Носењето на модел од новата колекција на “Милковски”, ви дава силен глас, кој уште погласно се слуша преку едноставноста на линииите и минимализмот.
Колекцијата содржи шест модела во класичен стил во црна, сива и нежно бела боја. Свежи идеи за обновување на гардеробата со нови урбани модни парчиња.

Со оваа колекција, “Милковски” ги елиминираат сите парчиња кои се сметаат како основни во урбаниот изглед, како маички, патики и впечатлив накит. Го задржуваат немирниот, енергичен и уникатен каракер, но и додадаваат чистота и елеганција.

Моделите од колекцијата се достапни во Модно Студио “Милковски”

Фотосесијата се работеше со Георги Кончалиев (Konchaliev Art&Photography)- фотограф, Драган Гоцев (Studio Daci) – Шминка и фризура, Софија Манчева – модел

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата:

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,