Со свечена седница на Советот, општина Василево го одбележа 16-ти Декември – денот на своето основање и 21 година постоење и развој.

 

Свои обраќања имаа претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.
Градоначалникот Марјан Јанев изрази целосна подготвеност да се соочи со сите предизвици што ги носи градоначалничката функција и покрај долгот од 70. 000.000,00 денари што го наследи од својот претходник Ванчо Стојанов.

Гости на свечената седница беа и градоначалниците на соседните општини Струмица, Босилово и Ново Село,поранешниот градоначалник на општина Василево Славе Христов,Началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски и заменик началникот на СВР Струмица Жанко Зимбаков, Директорот на УЈП Струмица Кире Партенов, Директорот на МТСП Зоран Манев, Директорот на ЈП Македонски Шуми Лупчо Митров и техничкиот директор на ЈП Македонски Шуми Атанас Глигоров и директорот на МЗШВ Васил Коцев.

маркетинг


Select
Ознаки: ,