Со купување леб на парчиња на Жито Лукс донирате за медицинска опрема и во Струмичката болница

 

Нашиот најголем производител на леб, Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за набавка на опрема за детските оддели во Општата болница –Охрид, во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.

– Респираторните проблеми кај граѓаните стануваат сè поизразени, при што особено погодени се децата. Токму затоа во последните години, во рамките на нашата компаниска филозофија за општествена одговорност и помош на заедницата, реализиравме неколку донации со кои се обезбеди медицинска опрема неопходна за детекција и лекување токму на овие заболувања кај децата. Нашата најнова акција продолжува во иста насока донирајќи медицинска опрема во неколку здравствени установи во земјава – вели Лидија Трајковска – Ристовска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

Жито Лукс минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблеми, за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

маркетинг


Select
Ознаки: ,