СЛАВЧО ПОПОСКИ: ВО ПРЕСРЕТ СМЕ НА СИЛЕН ЦИКЛОН: ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!

 

До крајот на денешниот вторничен ден врнежи од дожд и снег на планините ќе има на запад од државава со што снежната покривка ќе продолжи да се зголемува.

Под влијание на СИЛЕН ЦИКЛОН утре (среда) во западните предели ќе продолжат врнежите од дожд и снег на повисоките планини каде ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН а локално повремено и ОЛУЕН ветер од југозападен а доцна попладнето и вечерта од западен правец. Локално ветерот повремено ќе достигнува брзина од дури околу 100 км/час. Можна е и локална нестабилност проследена со грмежи.

Во вечерните и во ноќните часови кон денот четврток од север ќе се спушти МНОГУ ПОСТУДЕН воздух со што врнежите од дожд на повеќе места ќе поминат во снег а снежната покривка постојано ќе расте.

Максимумот на температурите на воздухот утре (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени додека во централните предели и на југоисток истите ќе се искачат дури до околу 16 степеми меѓутоа вечерта и ноќта кон четврток МНОГУ БРЗО и НАГЛО ќе опаѓаат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

маркетинг


Select
Ознаки: ,