Ревија на Македонски народни носии во Струмица

Ве покануваме на настанот ,,Приближување на македонските народни носии преку мелосот на македонските музички инструменти”.На истиот ќе имате прилика да се запознаете од близу со Македонските народни носии од повеќе етнички предели на Република Македонија како и со карактеристични инструменти за секој од пределите. Носиите се од приватната збирка на авторот и колекционер Антонио Стојчески, кои се најдени при негови сопствени теренски истражувања и се во оригинална форма какви што се носеле некогаш.

Додека традиционалниот македонски мелос ќе биде изведен од Филип Ричлиев,инструменталист на македонски традиционални инструменти. Голема благодарност до нашите соработници и се надеваме дека во иднина ќе имаме се повеќе и повеќе заеднички соработки со цел нашата традицијата никогаш да не згасне. Соработници: НУЦК ,, Антон Панов” – Струмица Ансамбл ,,Студио Фолклор” – Скопје Ансамбл ,,Тримери” – Струмица Академија ,,Еуроарт” – Штип Општина Струмица.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,