ПРИ ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ ПРОНАЈДЕНО АМФЕТАМИН, КАНАБИС САТИВА И 52 ТАБЛЕТИ МДМА

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против  Д.Д (48) и М.Т (28), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.07.2017 година, по Наредба од  Судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, бил извршен претрес во домот во кој престојува М.Т. и притоа биле пронајдени 52 таблети психотропна супстанца МДМА; 27,72 грама психотропна супстанца „амфетамин“; остатоци од психотропна супстанца „амфетамин“ и остатоци од психоактивна супстанца која влегува во состав на растението „Канабис сатива“.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,