Премногу Струмица во еден фејсбук статус, прекрасно!

Познатиот доктор Александар Митов кој по потекло е од Струмица објави слики од соба која е креирана според сликите на познатиот струмички уметник Ване Костуранов, а на која се испишани стихови од познатиот струмички поет Никола Маџиров.

Зидовите на собата се целосно покриени со ѕвезди во столот на уметникот Костуранов, што длабоко асоцира на ѕвездениот град Струмица, а на плакарот од истата стојат стиховите на поетот Маџиров ,,„Паѓаат ѕвезди, си замислив желба:да паднат на меко”. Со овој статус др.Митов им посака ,,Лека ноќ” на своите пријатели. Премногу Струмица во еден фејсбук статус, прекрасно!

маркетинг


Select