(ФОТО) ПОРТАЛОТ СТРУМИЦА ДЕНЕС ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА СВОЈАТА РАБОТА СО УЧЕСТВО НА „БАЛКАНСКИ НАГРАДИ ЗА ТУРИСТИЧКА ИНДУСТРИЈА“

Со огромно задоволство и чест на покана од организаторите на третото издание на натпреварувањето „Балкански награди за туристичка индустрија“, Струмица Денес беше единствен медиум од Mакедонија кој присуствуваше на една од најголемите манифестации на балканот и додели неколку награди. Доделувањето на наградите се оддржа во Хотел Премиер Бест Вестерн во Софија, Бугарија.

На церемонијата присуствуваа сопственици на ресторани, хотели, туристички агенции, маркетинг агенции, повеќе познати личности од шоу бизнисот политичари, министри, амбасадори и градоначалници од целиот балкан. Покрај многуте гости од целиот балкан, на манифестацијата присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Бугарија господинот Марјан Ѓорчев.

Струмица Денес од оваа манифестација се врати со многу возбудувања и склучени соработки со повеќе телевизии од целиот балкан, а доби и големи пофалби од Министерството за туризам на Република Бугарија и организаторите на „Балкански награди за туристичка индустрија“.

 

 

 

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,