Погледнете за кого е посветена песната „Македонско девојче“

Најпозната македонска песна, песната по која што не познава скоро целиот свет е посветена на Невенка Томовска Росоманова, „девојчето“ кое денес има 50 години. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна,  тогаш за прв пат изведена тогаш од Томовска и Кирил Манчевски. Кога со љубов и за љубов се создаваат дела, тие се запишуваат во вечноста. Зоран Росоманов го подготви најнеочекуваното роденденско изненадување.Тој направи реиздание на „Македонско девојче” изведено во несекојдневен стил.Создадено за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов го собра фантастичниот тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. На 4 февруари „Македонското девојче“ славеше 50 години, и со сигурност оваа песна ќе се пее и ќе биде на еден начин уште стотици години „химната“ на македонската песна. Ова е само потврда, дека љубовта и желбата, ако се ваш мотив да ги правите луѓето среќни, се ќе стане возможно и остварливо.

1606245_715929485091401_580279306_o

маркетинг


Select
Ознаки: , ,