bandr
Спорт

Погледнете ги сите групи на меѓународниот турнир „Пандев Куп“

Од утре па сè до 10 март Струмица ќе биде домаќин на првото издание на „Пандев куп”, турнир кој во иднина треба да прерасне во традиоционален.

На него ќе учествуваат 64 екипи од четири држави (МакедонијаБугаријаСрбија и Хрватска) во четири возрасни категории (2006, 2007, 2008 и 2009 година) и поделени во вкупно 16 групи од по четири.

Ждрепката е веќе извршена, познат е составот на групите и тие ветуваат интересно натпреварување. Се игра по системот “секој со секого”, првопласираните две екипи од секоја група одат во плеј-оф А, а третата и четвртата во плеј-оф Б.