Пелистер и европските мечеви ќе ги игра во Струмица?

Пелистер по четврти пат ќе ја претставува Македонија во Лига Европа (поранешен Куп на УЕФА), а вторпат тоа ќе го направи како победник на Купот. Битолчани имаат еден голем хендикеп за јулските мечеви од квалификациите, а тоа е податокот што нема да играат како домаќини во Битола.

Стадионот под „Тумбе кафе“ е во фаза на реновирање и ваков каков што е ни од далеку не ги исполнува критериумите на УЕФА. Не постојат шанси за неполни два месеци да биде изградена големата трибина и Пелистер ќе мора да побара алтернативен терен. Со оглед на тоа што „Телеком арената“, на која пред седум години Пелистер беше домаќин против АПОЕЛ, ќе биде затворена заради Суперкупот на Европа, битолчани нема да може да играат и на нашиот најголем стадион.

Неофицијално, Струмица е фаворит пак да биде домашен терен на битолчани и за европските мечеви, а посебно е талична и заради денешната победа против Шкендија и онаа против истиот ривал пред осум години во баражот за опстанок во ПМФЛ.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,