Пандев во Интер е еден од десетте најзначајни зимски трансфери во Калчото

Новиот зимски преоден рок стартуваше и во Италија во исчекување се за новите трансфери со кои калчолигашките гиганти дополнително ќе се засилуваат во трката за титулата, трофејот во Купот, но и местата за Европа. Како што стартуваше преодниот рок, медиумите не пропуштија шанса да потсетат кои се десетте најзначајни зимски трансфери во историјата и место има за македонскиот ас – Горан Пандев.

Трансферот на Пандев од Лацио во Интер како слободен играч во јануари 2010 година е седми најзначаен трансфер во историјата на Калчото, кога се рабори за јануарскиот преоден рок. Пандев го засили Интер на барање на Жозе Мурињо, откако шест месеци беше под мобинг во Рим откако одби да ја продолжи соработката со клубот.

„Имаше процес, жалби, судења, жалби на жалбите, а Пандев беше на пик на Лацио и Лотито, ги тужеше за мобинг и доби. Дојде во Интер на Мурињо и освои „тројна круна“ – скудето, куп и Лига на шампиони. Пандев ќе успее во Интер, ќе биде последната алка на Интер, стартер во финалето во ЛШ“, стои во објаснувањето.

Најдобар зимски трансфер е тој на Дејан Станковиќ од Лацио во Интер во јануари 2004 година, во кој римјаните добија сопственост врз Пандев како дел од трансферот (Пандев беше дел од младинскиот погон на Интер). Втор на листата е Раџа Наинголан со трансферот од Калјари во Рома (јануари 2014), трет е трансферот на Андреа Барѕаљи од Волфсбург во Јувентус во јануари 2010 година, а четврти доаѓањето на Стефан Ел Шарави од Монако во Рома во јануари 2016 година.

Во топ десет се и Мохамед Салах со трансферот од Челси во Фиорентина во јануари 2015, Диего Пероти со трансферот од Џенова во Рома во јануари 2016, потоа Марио Балотели од Манчестер сити во Милан во јануари 2013, Матео Ковачиќ од Динамо Загреб во Интер во јануари 2014 и Брајан Кристанте од Бенфика во Аталанта во јануари минатата година.

Интересно, без конкуренција, најголем трансфер е тој на холандскиот „пит-бул“ Едгар Давидс од Милан во Јувентус во декември 1998 година.

маркетинг


Select
Ознаки: ,