(ВИДЕО) Пандев го постигна првиот гол сезонава во Серија А

Горан Пандев конечно се израдува на својот прв гол оваа сезона за Џенова во италијанската Серија А.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев сезонава десет пати беше во составот на Џенова, и иако играше одлични натпревара немаше среќа да се запише во листата на стрелците. Денес конечно го скриши мразот и стрелаше во судиското продолжение од првиот дел на мечот од 15 коло во Серија А на кој неговиот тим Џенова гостува на Верона.

Погледнете го неговиот првенец за Џенова сезонава.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,