bandr
Забава

Oткриен тајниот рецепт за подготовка на совршено тесто за пица

 

Конечно е откриена тајната на рецептата за совршено тесто за пица. Да, да, она што сите пицери го кријат како змијата нозете.
Тестото, како и предлог што да ставите на пицата, го имате тука, а вие можете да експериментирате со што год ви душа посака околу тоа што ќе ставите на пицата.

Еве што се ви е потребно за една пица за двајца:

За тестото:

320 гр. брашно
1 лажичка сол
1 лажичка инстант квасец
1 лажица шеќер
1 лажица маслиново масло
175 мл млака вода

Сосот можете да го направите вака:

Пола конзерва домат (120 грама плод)
2 чешниња лук
15 грама маслиново масло
сол по вкус
мелен црн пипер

Предлог прилози:

панцета
чаден сув врат
чадена печеница
црни маслинки
шампињони
оригано
кашкавал
рукола

pizza

Подготовка:

Брашното измешајте го со солта во посебна чинија. Квасецот ставете го во шољичка, додадете го шеќерот и полејте го со топлата вода. Помешајте се и оставете квасецот да се активира. Потоа квасецот сипете го во брашното и додадете го маслиновото масло. Замесете го тестото, ставете го на работната маса и месете го 10 минути додека не постане мазно. Оставете го на топло да постои 45-60 минути, додека масата не се зголеми двојно.

За тоа време спремете го сосот. Лукот изгмечете го, маслото сипете го во тенџерче, додадете го лукот и ставете го на лесен оган да се грее. Кога лукот ќе добие жолтеникава боја, ставете ги пелатите (доматите), солта и пиперот по вкус. Зголемете го огнот и оставете да крчка 6-7 минути. Ако сосот е поредок, додатно ќе се згусне додека се пече пицата. Секако дека можете да искористите и готов сос, ама овој е повкусен.

Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна маса и со рацете развлекувајте го да го добие обликот на тепсијата во која ќе ја печете пицата. Никако немојте да го обработувате со оклагија.

Развлеченото тесто внимателно префрлете го во плехот, ставете му неколку лажици од сосот, и сите прилози по желба. Кашкавалот ставете го непосредно пред да ја извадите пицата од рерна, а руколата откако ќе се испече.

Пицата се пече во рерна загреана на 250 степени, некои 15 минути додека убаво не се зацрвени.