ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО ЗА 2013-2017 ГОДИНА

Почитувани сограѓани,
Пред четири години Ви ветивме напорна и посветена
работа, максимално вложување на труд во решавањето на
Вашите проблеми.
Кажавме дека ќе имаме сериозен и одговорен пристап
и дека ќе го почитуваме Вашето мислење. Вложивме
многу труд во создавањето на меѓусебна доверба и цврста
соработка меѓу Вас граѓаните и општина Босилово.
Нашиот партнерски однос беше основа и темел, успешно да
одговориме на многуте предизвици кои беа пред нас.
Ние сме Ви благодарни што дадовте свој огромен придонес во создавањето на
визија за подобра општина Босилово, визија за напредок, за надеж, за подобро утре.
Имавме планови, имавме идеи, имавме решенија. Направивме соодветни анализи и
проценка на можностите. Како резултат на сето тоа излеговме со конкретна програма
која беше реална, издржана и остварлива. Во програмата имавме конкретни проекти,
конкретни решенија, извори на финансирање и рокови за извршување. Предвидовме
проекти кои ќе му дадат импулс на локалниот економски развој, проекти кои креираат
услови за одржлив развој на локалната заедница и сите нејзини чинители. Според
искажаните сугестии од Вас граѓаните предвидовме проекти од патната и комуналната
инфраструктура и проекти од областа на образованието.
Исто така, голем предизвик за нас беа и проектите од областа на урбанизмот,
просторното планирање и заштитата на животната средина, земјоделството и
транспортот.
Свое место во нашата програма најдоа и проектите од областа на спортот и
младите, како и проекти од областа на културата и туризмот.
Во изминатите четири години работевме деноноќно, работевме напорно,
секојдневно. На нас во општина Босилово и мене како градоначалник огромна енергија
и поттик ни дававте Вие граѓаните со Вашата подршка, секојдневните сугестии и критики.
Пред сите нас се нашите заеднички дела. Пред нас се километри и километри
новоизградени и реконструирани локални патишта и улици. Ги гледаме новоизградените
мостови и пропусти.
Извршивме изградба, реконструкција и проширување на водоснабдителните
системи во повеќе населни места во општината. Извршивме реконструкција и
подобрување на условите за одвивање на наставниот процес во голем дел од нашите
основни училишта. Ги реконструиравме и опремивме домовите на културата во неколку
населени места. Изградивме културно – едукативен центар, центар за алтернативен
туризам и креативен развој, етно центар за млади.
Најголем дел од тоа што го зацртавме и го ветивме е реализирано.
На ваше барање реализиравме и многу други проекти кои не беа во програмата
и не беа ветени, бидејки со тек на времето се прилагодувавме на новонастанатите
потреби и желби. Сите заедно треба да бидеме горди на тоа што го создадовме, што
го направивме и изградивме. Треба да бидеме горди на меѓусебната доверба која ја
градевме изминатите години, како наш најголем капитал за иднината.
Со Почит,
Градоначалник на општина Босилово
Љупчо Колев

маркетинг


Select
Ознаки: ,