Отчет на градоначалникот Велков за четиригодишната работа

Работа која носи подобро

Почитувани граѓани на општина Ново Село,

Независно дали сме биле во постојана комуникација или воопшто не сме можеле да се согласиме, разговорите кои сум ги водел со Вас, во канцеларија, на улица, во парк, на спортски натпревар или на асфалтирање на нов пат, се разговори кои ме одржаа искрен, инспириран и мотивиран во исполнувањето на зацртаните цели. Тие разговори мене ме направија подобар градоначалник и подобра личност.

Од ова искуство научив дека позитивните промени во општеството се случуваат кога обичните луѓе ќе се инволвираат во артикулација на барањата и потребите на граѓанството. Денес, после 4 години од моето избирање за градоначалник на општина Ново Село, јас сеуште верувам во тоа.

Заради сите Вас, и заради секој изоден заеднички чекор, општина Ново Село денес е подобро место за живеење. Познавајќи ја политичката ситуација во Македонија свесни сме дека на секои два чекори напред правиме еден назад за на крај да добиеме оска на напредок која ќе биде позитивна.

За време на овој мандат остваривме не само многу проекти, туку и многу крупни проекти за граѓаните од општината. Ако за време на предизборната кампања пред 4 години најавивме дека ќе бараме решенија за сите големи проблеми кои ги тиштат граѓаните ќе бевме обвинети за популизам и дека нашите цели се поставени многу високо. Но и покрај тоа што одредени проекти не беа најавени во програмата тие се остварија и станаа дел од аргументите на тимот кој направи промени.

Овие четири години речиси целосно поминаа во тензија и во сенка на политичка криза која се чини дека колуминира во оваа последна година и однесе голем дел од потенцијалите на локалните администрации насекаде во државата. Само кога политиката ги рефлектира чесните и искрени намери на избирачите, единствено кога сите ние, независно од партиска припадност или тесен интерес работиме на тоа да го обновиме чувството за лоцирање на заедничка цел, нешто што ни е неопходно во моментот.

Почитувани сограѓани, моја задача во изминативе години беше да работам за унапредување на условите за живеење во општина Ново Село, но и покрај се, верувам дека до сега, до крај на овој мандат но и до крај на мојот живот успешно и одговорно ќе ја вршам функцијата граѓанин на Ново Село и Република Македонија. Она што и е потребно на нашата демократија во моментот е разумни и одговорни граѓани, не само кога има избори, не само кога се во прашање тесни интереси, туку активно и посветено константно да го образуваат политичкото опкружување во средината од која потекнуваме.

Низ овие четири години, имав прилика да ги видам одблиску среќните лица на првачињата, лицата на матурантите, успешните дипломци и на пензионерите, и од сите нив, секој на свој посебен начин несебично ми укажуваше поддршка на патот кој го чекоревме заедно. Во нашата предизборна програма без исклучок сите граѓани беа застапени во проектите кои ги реализиравме.

Почитувани сограѓани, овој документ е сублимат на сето она што успеавме да постигнеме заедно, со многу труд, со многу непреспиени ноќи, со многу денови одвоени од семејства а посветени на остварувањата на заедничката цел.

Одговорноста да се биде градоначалник на општина Ново Село е огромна, но е и исто толку голема чест. Независно од иднината, остануваме посветени на развојот и остануваме посветени на заедницата.

Со почит,

Градоначалник на општина Ново Село
Блажо Велков

маркетинг


Select
Ознаки: , ,