bandr
Спорт

Осијек победник во двете категории на „Пандев Куп“

 

Хрватски Осијек победи во двете младински категории на првиот „Пандев Куп“ кој во организација на Академија Пандев се одржа во Струмица.

На турнирот настапија 64 екипи од МакедонијаБугаријаСрбија и Хрватска, во генерациите 2006, 2007, 2008 и 2009, а Осијек успеа да победи во двете конкуренции.

Фудбалерите родени 2008 и 2009 година во финалето успеаја да слават над прилепска Победа со 2-1, додека во генерацијата родени 2006 и 2007, Осијек во финалето беше подобар од Њу Старс од Скопје.

Третото место во двете конкуренции им припадна на Академија Постолов, односно Шкендија.