Оранжерии Хамзали со добивка од 66,8 милиони денари го заврши првото полугодие

Оранжерии Хамзали од Струмица во првото полугодие од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 66.848.000 денари, покажува билансот на успехобјавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период во 2016 година, добивката на компанијата изнесуваше 65.069.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, беа на ниво од 221.011.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 220.740.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата беше 271.000 денари.

Основна дејност на Оранжерии Хамзали е производство на раноградинарски култури: разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир, жито и друго.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,