Општина Струмица доби пари за нов водоводен и канализационен систем

Денеска, министерот за животна средина и просторно ланирање Садула Дураки и градоначалниците на 12 општини потпишаа договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација за изградба на водоводни и канализациони системи и за регулација на речните корита. Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

– Во оваа област се предвидени вкупно 43 милиони денари и истите се доделени на 12 општини, за 14 проекти. Со тоа Министерството за животна средина и просторно планирање настојува и финансиски да ги помогне локалните самоуправи во делот на управување со водите со што се обезбедува не само почиста животна средина, туку и директно се влијае врз здравјето на жителите – истакна министерот Дураки.

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година средствата се распределени за проекти во 4 области: за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите; за заштита на природата и биолошката разновидност; за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна средина; и за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

Потпишани се договори со:

• Општина Желино за Изградба на фекална канализациона мрежа во
• Општина Теарце за Изработка на документација за одведување на отпадни води
• Општина Дебар за Атмосферска канализација (цевковод за прифаќење на водите од Ваковска река), Дебар
• Општина Василево за Изработка на техничка документација за канализација во с.Добрашинци
• Општина Куманово за Изработка на техничка документација за канализациона мрежа за с.Табановце, Сопот и Четирце
• Општина Гостивар за Продолжување со изградба на фекална канализација во н.м. Дебреше
• Општина Брвеница за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за н.м.Долни Челопек, општина Брвеница
• Општина Липково за Регулација на речно корито на Слупчанска река
• Општина Пласница за Фекална канализација за дел од н.м. Долна Пласница, помеѓу река Треска и регионален пат Прилеп-Кичево
• Општина Крива Паланка за Доизградба на регулација на Скрљавски Дол
• Општина Струмица за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за н.м.Долни Челопек, општина Брвеница
• Општина Струмица за Регулација на порој Крушевска Република на потег од ул.Климент Охридски до улив во река Тркајна со партерно уредување околу каналот
• Општина Струмица за Изработка на техничка документација за проект Главен фекален колектор за новоурбанизирани урбани блокови во Струмица бр.35-42
• Општина Ранковце за Изработка на инфраструктурен проект за канализациона мрежа за отпадни води во н.м. Опила.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,