bandr
Струмица Денес

Општина Струмица и годинава ќе финансира проекти и програми на граѓанските организации

 

Во организација на одделението за локален економски развој, денеска, во просториите на домот на АРМ се одржа Инфо ден за претставниците на здруженијата и фондациите од општина Струмица пред објавувањето на Јавниот повик за прибирање проекти и програми финансирани од буџетот на општина Струмица за 2018 година. Според раководителот на одделението за ЛЕР, Тони Милушев, вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 3.250.000 денари.

-Целта на овој инфо ден е граѓанските организации однапред да ги подготвиме за Јавниот повик кој што ќе биде објавен во текот на утрешниот ден на локалните медиуми и општинската веб страница и да им помогнеме да ги обезбедат сите потребни документи, да ја им ја доближиме апликацијата, односно пријавата и да ги упатиме на начинот на нејзина подготовка во рамките на упатствата и правилата кои што се потврдени од градоначалникот на општина Струмица, да ги информираме за вкупните финансиски средства кои што им стојат на располагање за нивните квалитетни проекти или програми и да им помогнеме да ги користат сите алатки кои што кои им се ставаат на располагање, а се дел од Јавниот повик. Единствената цел е да креираат добри проекти и програми во рамките на стратешките области кои што се извлечени од стратешките документи за 2018 година и во контекст на истото да ги да ги информираме за сите следни постапки кои што одделението за локален економски развој ги има како надлежност во спроведувањето на самата методологија усвоена од Советот на општина Струмица и во тој контекст да создадеме услови и оваа година да прибереме што поквалитетни проекти и програми чија имплементација ќе ја потврдат исполнувањето на сите стратешки документи на општина Струмица за оваа 2018 година. Во рамките на G1 Програмата планирани се вкупно три милиони денари за поддршка на проекти од истата програма согласно стратешките области и цели, а во рамките на V2 Програмата за социјална заштита планирани се 250 илјади кои што ќе се стават на располагање за поддршка на проекти и програми од областа на социјалната заштита. Во овој контекст сакам да потенцирам дека согласно методологијата и критериумите, проектите кои што можат да бидат поддржани со најголема вредност се од 250 илјади денари, а проектите кои што се со минимална вредност или не се соодветно испланирани, а добијат бодови согласно дадените критериуми, можат да бидат поддржани со најмала вредност од 60 илјади денари и двете вредности се однесуваат и на проектите и на програмите, рече Милушев.