ОДМОРОТ ЗАВРШИ: ФК БЕЛАСИЦА ГИ ЗАПОЧНА ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИТЕ

ФК БЕЛАСИЦА ДЕНЕСКА НА СТАДИПНОТ “МЛАДОСТ” ГИ ЗАПОЧНА ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИ КОИ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА.
Целта е да се освои првото место во шампионатот и Беласица да се врати во ПМФЛ, а секако влијание во тоа ќе имаат подготовките кои „плаво-белите“ ќе ги одработат во Струмица и Дојран во Хотел “Истатов”.

Беласица ќе тренира во Струмица до 29 јануари, а потоа ќе замине во хотел „Истатов“ во Дојран каде ќе се работи 10 дена. Тимот ќе игра пријателски мечеви со Саса Каменица, Кит-Го Пехчево и Работнички од домашните екипи, а закажани се и меѓународни натпревари со Крагујевац (Србија), Беласица Петрич (Бугарија) и Динамо Врање (Србија). Не е исклучена можноста да се одиграат уште два до три додатни натпревари за да се темпира формата пред пролетниот дел од сезоната.

На денешниот прв собир присуствуваа засилувањата Горан Пашовски од Пелистер, Мартин Мирчевски од Победа како и Александар Василев од Брегалница. На спротивната страна, пак, си заминаа Ванче Манчевски, Костадин Џинов, Јованче Трајковски и Александар Багашовски.

Тренерот Раде Цицмилович изјави дека покрај новите тројца фудбалери, треба да пристигнат уште две имиња кои ќе бидат од големо значање за остваривањето на зацртаноте цели.

маркетинг


Select