ОД СКОПЈЕ ДО СТРУМИЦА: СЕ БИРА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

 

Националниот Избор за автомобил на годината во Македонија е во завршна фаза, а викендов беше и традиционалното дружење со финалистите. Десет кандидати се во конкуренција за наградата Автомобил на годината за 2018 година во Македонија.

Годинава имаше дводневно дружењето со финалистите, кои исто така имаа можност да ги тестираат своите ривали. Маршрутата од Скопје до Струмица беше дел од финалниот викенд, каде имаше и презентација на сите финалисти, и тоа токму пред своите колеги од конкурентските компании.

Целта на заедничкото дружење е и финалистите да имаат шанса да ги испробаат другите возила, а потоа секој финалист ќе има и можност да гласа за еден автомобил (со исклучок на сопствениот). Од сите гласови на финалистите, она возило што ќе добие најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас како и другите членови на Националниот Избор за автомобил на годината за 2018 во Македонија

Годинава во изборот за автомобил на годината во Македонија се 10 возила:

Suzuki Swift
Seat Ibiza
BMW X3
Ford Fiesta
Opel Insignia
Kia Stinger
Nissan Micra
Citroen C3 Aircross
Kia Stonic
Dacia Duster

Победникот ќе биде избран по гласањето на Националното Жири.

маркетинг


Select
Ознаки: ,