Новогодишното обраќање на градоначалникот Коста Јаневски


Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, во своето новогодишно обраќање посака ведра мисла, спокој и успех. Тој истакна дека изминатава година имаше и убави и помалку убави моменти, а без разлика кој како ги доживеал и со што се соочил, сите случувања да бидат заеднички патоказ кон изнаоѓање на вистинските вредности.

„Ноќта што е пред нас поминете ја со најблиските, со семејството и пријателите, со луѓето кои имаат посебно место во вашиот живот. Заборавете ги лошите спомени од годината која што заминува и посветете се на убавините кои животот ни ги носи. Во новата 2018 година влезете со чувство на мир, радост и ведра мисла и врз нив градете го Вашиот живот. Спокојот нека биде нераскинлив дел од вашето секојдневие, а успехот ваша водилка за остварување на вашите цели! Ви посакувам 2018-та да ви биде исполнета со здравје, благосостојба и лична среќа“, рече Јаневски.

маркетинг


Select
Ознаки: ,