Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот  на општина Василево Марјан Јанев по повод Новогодишно – Божиќните празници од свое име и од име на општина Василево им се обрати на своите сограѓани честитајќи им ги престојните празници и посакувајќи им здравје,  среќа  и успех во Новата 2018 година.

„Во деновите кога ја испраќаме Старата и се подготвуваме за предизвиците што со себе ги носи  Новата година, сакам да Ви се обратам и да Ви ги пренесам моите најискрени желби, пораки, надежи и честитки по повод престојните празници.
Да бидеме сите здрави и среќни.  Со добра мисла да ја започнеме годината што иде. На сите бериќетна да ни биде. Успеси на сите полиња да бележиме, да се развиваме, да напредуваме“, се вели во честитката што градоначалникот Јанев им ја упати на своите сограѓани.
„Пред нас е година во која ќе имаме прилика на дело да ги спроведеме нашите заложби, да ги реализираме нашите идеи и планови. Година во која сите заедно ќе направиме се што е во наша можност да ни биде животот поубав, посреден и посреќен.
2018-та  да ја дочекаме подготвени за новото, со идеи за подобар живот, со позитивна енергија и подадена рака кон секој и за секој. Само така ќе ги отвориме портите кон  подобра иднина и благосостојба за сите граѓани на оваа наша,  мала, скромна но со огромни потенцијали општина Василево.
Нека ни биде среќна и бериќетна Новата 2018 година“,  стои во честитката што градоначалникот Марјан Јанев ја упати до граѓаните на општина Василево.

маркетинг


Select
Ознаки: ,