Новинар на Њујорк Тајмс ја разоткри вистината позади „популарноста“ на струмички тенисер

 

Како 20-годишен тенисер од земјата на лажни вести ги измами Мартина Навратилова, Серена Вилијамс и БибиСи Радио?! – пишува Бен Ротенберг, американски новинар и спортски дописник за Њујорк Тајмс. Покрај познатите ѕвезди, тенисерот кој потекнува од Струмица, лажно брифира голем број на новинари во Струмица, Македонија, а воедно и во целиот свет. За голем дел од неговите успеси известуваа и струмичките телевизии, македонските портал, како и порталот Струмица Денес, кој искрено му посакуваше успех на Дарко Грнчаров во неговата кариера.

Американскиот новинар, струмичанецот го споредува со велешката група која објавуваше лажни вести за Трамп.
Американскиот новинар споделува искуства на македонски новинари и тенисери.

Ако приказните за Грнчаров изгледаат премногу добро за да бидат вистинити, тоа е затоа што голем дел од нив и не се. Легендата за Дарко Грнчаров не е целосно вистината.

Но, не се’ она што поврзано со Грнчаровв е лажно. Постои вистинска личност со тоа име и тој игра тенис – или барем играл. Веста дека преживеал удар е вистината но за времетраењето на коматозната состојба има различни верзии од 3 дена па до 6 месици.

Нема никој позбунет за јавниот профил на Грнчаров од вистинските македонски тенисери. “Ниту еден тенисер од мојата земја го нема видено во живо, ниту го има гледано како игра тенис”, рекол Томислав Јотовски, кој се наоѓа на 546-тото место во светот и во моментот е највисоко рангиран македонски тенисер.

Бесир Дургути, кој во моментот е на 1825то место во светот, рече дека објавите за Грнчаров ги засенуваат проблемите со кои се соочуваат вистинските македонски професионалци, како што е потребата за повеќе турнири и тренинг центри. Дургути рекол дека не може да разбере како новинарите би можеле да пишуваат за наводни успеси на Грнчаров, кога едноставна проверка на неговиот ИТФ профил ќе покаже дека воопшто не играл. “Потребно е само да го напишете неговото име и да имате сé”, рекол Дургути.

Сашка Цветкова, истражувачки новинар во Македонија, која се фокусира на бизнисите со лажни вести тука, му кажала дека приказните за индустријата “инспирирале цела генерација на млади луѓе да го користат тоа како примарен извор на приходи”. Цветковска рекла дека нема директни докази што го поврзуваат Грнчаров со македонска компанија. Но, исто како што Лиса Мари Нојдерт од Оксфорд претпоставува дека Грнчаров работи со “некаква фабрика за исмевање”, Цветковска се сомнева дека тој плаќа компанија во Македонија за да го промовира неговиот бренд.

Младиот играч се појави на телевизиска емисија во Струмица. Македонскиот водител кој го спроведе интервјуто, кој побара да не биде именуван за да не ја загрози својата кариера, во писмена изјава рекол дека Грнчаров тврди дека победил на турнирот во Холандија и се сметал себеси за иден професионалец. – стои во веста на Слејт. “Македонија е многу мала земја без успех во овој спорт и сметавме дека тоа би било интересно за нашите гледачи”, рече водителот во таа изјава.”Тој беше на интервју и додека слушав, сфатив дека нешто не е како што треба. Тој зборуваше премногу опширно за тенисот, избегнувајќи некои конкретни прашања за натпреварот.” –рекол новинарот кој побарал да биде анонимен

Александар Бојаџиски, поранешен младински тениски репрезентативец и некогашен спортски новинар во локална телевизија, а своевремено и дописник во областа на спортот за Струмица Денес, бил контактиран од американскиот новинар Бен Ротенберг кој му ја презентирал сторијата за струмички тенисер кој како што вели тој, во недоумица оставил голем број светски познати личности од областа на спортот.

Александар Бојаџиски, рекол дека ги објавил двете приказни врз основа на информациите што ги добил од Грнчаров, само за да отркие дека резултатите биле лажни кога подоцна ја проверив веб-страницата на ИТФ. “Египетскиот турнир беше најголем проблем за мене”, рекол Бојаџиски, “Лично тој ми ја испрати веста и кога ја проверив, тоа беа глупости – тоа не беше ништо. Јас се договорив со моите колеги никогаш повеќе да не го објавуваме повторно.” Бојаџиски рекол дека никогаш немал причина да не верува на еден локален спортист. “Ги знам, речиси сите”, рекол тој. “Кога правите нешто што не секогаш можам лично да го следам, испратете го до мене затоа што би сакал да го објавам. Вие станувате попознати, ние добиваме повеќе кликови – така се одвиваат работите. Но, тој не е баш добар.”

Александар Бојаџиски, кој некогаш бил “изгорен” од објавување на лажни извештаи за натпреварите на Грнчаров во Египет, изјавил дека мислел дека приказната за Серена Вилијамс во врска со Грнчаров, која беше широко распространета во македонските медиуми, била уште една целосна измислица. Но новинарот Бен му рекол дека Серена навистина го следи Дарко на твитер. “Дарко од Струмица ја измами Серена Вилијамс?”, рекол Бојаџиски. “Фино…”.

Дарко Грнчаров, македонски тенисер, чија животна приказна го трогна тенискиот свет, приказна што ја воодушеви Серена Вилијамс, чии коментари и изјави многумина цитираа, а британскиот сервис Би-би-си направи интервју бидејќи се разбудил од кома и тргнал да ги оствари своите сништа, едноставно, не баш не е вистината.

Истражувањето на темата „Најголемиот измамник во тенисот“ деновиве го направиле неколку луѓе, меѓу кои е и Бен Ротенберг, слободен новинар од САД, кој повремено пишува и за „Њујорк тајмс“, открил дека 20-годишниот тенисер, кој се разбудил од кома и кој ќе продолжи со тенисот, а во март во Мајами ќе тренира со Виктор Торицки, не постои. Она што тие го откриле е дека постои личност со исто име и презиме, која играла тенис, односно одиграле еден тениски меч. Во јуниорската конкуренција во Подгорица бил поразен од Никола Вукотиќ со 6:0, 6:0.

Но, тој Дарко Грнчаров нема никаква врска со момчето што стекна светска слава.
Грнчаров, покрај својата трогателна приказна, стана славен и по своите коментари на „Твитер“. На пример, напишал дека никогаш не би играл тенис во Мелбурн на арената „Маргарет Корт“ бидејќи таа неодамна за него имала некои неприфатливи хомофобични изјави.
Кога овој негов коментар многумина го ретвитаа, тоа му донесе интервју за Би-би-си кога и открил дека неодамна се разбудил од кома и дека се надева дека набргу ќе успее да му се врати на тенисот.

Популарноста на Грнчаров доживеа метеорски подем кога на „Твитер“ успеал да најде неколку години стара порака на Тенис Сандгрен, човекот што оваа година сензационално стигна до четврт-финалето на Австралија опен.
Сандгрен пред неколку години на „Твитер“ закачил фотографија на мускулестата Серена Вилијамс и напишал – „тоа е гадно“.
Грнчаров на Сандгрен му напиша сѐ и сешто, меѓу другото, дека не му припаѓа на тенисот, дека не му припаѓа на спортот воопшто и уште еднаш го воодушеви светот до толку што дури и самата Серена му се јавила, му се заблагодарила за поддршката и започнала да го следи на „Твитер“. Ѕвезда каква што е Серена Вилијамс на својот профил „Твитер“ следи само 200 луѓе.

Со таква слава нормално е дека интересот за Македонецот започна да расте кај новинарите, кои и открија дека Дарко Грначорв не постои, односно дека постои само лажен профил. А кога новинарите го соочиле со лагите што ги пласира, дека потпишал договор со еден од најголемите спортски брендови, дека на закажано интервју не дошол бидејќи починала мајка му, а жената за која рекол дека му е мајка редовно пишува на фејсбук-профилот, Дарко Грнчаров исчезнал од социјалните мрежи.

Видеото кое Бен го направил за Дарко а покажува како тој користи фотографии и видео записи од некои други тенисери:

 

ИЗВОР: АЛЕКСАНДАР БОЈАЏИСКИ

ИЗВОР: ТОП СПОРТ

ИЗВОР: СЛЕЈТ

маркетинг


Select
Ознаки: