Никола од Муртино го прими првиот третман за негово оздравување, за три месеци повторно заминува за Москва но потребни се средства!

По долго време конечно фамилијата на Никола Новоселски кој  пред четири години доживеа тешка сообраќајна несреќа  и се уште се наоѓа во коматозна состојба ни испрати информации кој и те како не израдуваа! Како што спомнавме и пред неколку месеци, Никола замина на лекување во Москва и по првиот третман со матични клети, извршените анализи покажаа дека шансите за Никола да оздрави се големи. Лекувањето со матични клетки е на секои три месеци, па затоа повторно семејството на Никола ги замолуваат сите хумани луѓе и фирми кои се во можност и кој колку може да му помогнат на Никола да ја продолжи битката за негово целосно оздравување. Следната недела ќе бидат отворени и телефонски броеви за донации. Следното заминување на Никола за Москва е закажено за 5 октомври. Сумата изнесува 12.000 евра без патни трошоци-авио билети кои чинат 7.000 евра. ДА СПОДЕЛУВАМЕ!!!

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,