Несекојдневен настан во Струмица: Љубителите на книги ќе имаат можност да разменат книги

По примерот на повеќе градови во светот и љубителите на книги во Струмица ќе имаат можност да се дружат, да дискутираат и најважно од се да ги разменат прочитаните книги. По двете размени кои се случија во Скопје, овој несекојдневен настан ќе се случи и во Струмица. Љубителите на книги ќе се дружат во НУЦК “Антон Попов” во сабота, 3 фервруари 2018 година.

,,За љубителите на книгите, одличен настан ќе се одржи во Струмица, на 3 февруари 2018 година, во организација на Габриела Витанова и Марија Николова.Во периодот од 12 напладне до 14 часот попладне, на 3 февруару 2018 година, ги покануваме сите љубители на книгите да не посетат во НУЦК “Антон Попов”, (познат и како Дом на Културата) во Струмица, да си ги земат со себе своите прочитани книги и да ги разменат со книгите на другите посетители. Се надеваме на голема посетеност и пријатна дружба.” – стои во објавата на настанот на ФБ

маркетинг


Select
Ознаки: