Неколку мудрости и цитати адаптирани за нашите простори од струмичкиот поет и новинар Јане Киров

Луѓето се помалку читаат и се помалку имаат концентрација да го задржат своето внимание на некое поголемо четиво. Она што е во моментот најмногу актуелно е пренесување на старите мудрости и филозофии од колено – на колено, но овој пат виртуелно.

Во еден таков свет каде мудроста е инстантна и еспресна она што на повеќето читатели им го привлекува вниманието се имено таквите цитати, мудрости и пораки кои ве задржуваат во еден миг, а потоа ве ослободуваат со капка свежина и медовина на умот. За да не излезе дека Черчил е автор на цитат од Волт Дизни или пак Брус Ли и Чак Норис се помудри од Достоевски, во продолжение прочитајте парафразирани светски познати цитати благодарение на доблеста на Јане Киров да ги адаптира за twitter и facebook.

Доколку ви се допаѓаат – слободно споделете некои од нив! 🙂

Убави работи ќе ни се случат само ако веруваме дека ќе ни се случат. Сомневањето е за губитници!

Ако на лагата и беа кратки нозете, тогаш скоро сите требаше без нози да останеме.

Љубоморните измислуваат мубаети за тебе.Глупите ги шират. А идиотите веруваат во нив.

Се додека владеат парите, народот ќе биде слуга.

Некои луѓе се многу сиромашни… Замисли, имаат само пари.

Ако денот по утрото се познава, тогаш секој мој нареден ден со тебе ми започнува.

Непријателот се победува на начин со тоа што ќе ти стане пријател.

Битен е успехот а не славата.Се додека сѐ уште некои луѓе мислат и тврдат дека славата е успех…

Животот ќе ни создава пречки се додека не земеме еден голем „залет“ и прескокнеме се што ни пречи.

Само луѓето без работа имаат време да замешаат прсти во туѓите животи.

На сите нас кога-тогаш во животот не зафаќа барем по една „Бура“. Без паника, ние луѓето сме еден голем чадор што може да го издржи и најголемото невреме. Самоверба!

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,