Најголем дел од странските карневалски групи го потврдија учеството на карневалот 2018

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал е во интензивни подготовки за годинашното издание на најпозната карневалска манифестација која годинава ќе ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Според Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор, досега, најголем дел од странските карневалски групи го потврдиле своето учество, а ќе се стимулира учеството на нови домашни карневалски групи.
-Годинава посебен акцент ставаме на групата од Аруба (Карипските острови) која ќе има специјален настап после карневалот со настап на диск џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот, а годинава имаме идеја да воведеме стимулативна мерка за учество на нови карневалски групи на нашиот карневал, вели Цицимов.
Традиционалниот маскенбал ќе се одржи на 16 февруари на кој што ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат големата карневалска поворка на 17 февруари на интернационалната карневалска вечер.
Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на градскиот плоштад, а на 19 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и јаде бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари. Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

маркетинг


Select
Ознаки: ,