На хуманоста ѝ нема крај – Марта доби втора шанса за нормален живот

Несовесен возач е причината што денес Марта тешко се движи и не може нормално да живее. Пред извесно време кучето откако било удрено од возило на улицата „Маршал Тито“ било оставено да лежи во близина на училиште каде го виделе мајка и мало дете и веднаш пријавиле во најблиската ветеринарна амбуланта. Оттаму докторката Катица била викната веднаш да помогне. Луѓето кои го нашле останале за цело време додека Марта била хоспитализирана. Иако била во многу лоша состојба и биле дадени потребните лекови и состојба и била стабилизирана. Според ветеринарите Марта има сериозна повреда на ‘рбетот и не може да се движи без помагало.

11202786_10153260882344581_1373585728_o

11186436_10153260882474581_1099845710_n

Веднаш после тоа контактирано е друштвото за заштита на животни „Фауна“ кои преку нивниот активист Ратко, веќе добро познат на јавноста како голем љубител на животни, успеале да ја згрижат Марта, всушност тоа име и го дале активистите кои и до ден денес се грижат за неа.

Иако на социјалните мрежи биле споделувани фотографии и информации никој не се јавил како сопственик на Марта. Тогаш започнала и нејзината голгота. На почетокот воопшто не се движела и имала многу болки, постојано била под терапија, но за само неколку недели започнала да се движи. Во целиот тој период хумани граѓани помагале со храна, пелени…

За овој случај на хуманоста и немало крај. Наша сограѓанка од Англија донирала количка за Марта, а голем број граѓани се јавиле за донирање витамини и апчиња за подобрување на нервниот систем.

11187973_10153260882469581_1257196669_o

Сузана Божијанова од „Фауна“ вели дека сите активисти се постојано околу неа. Ја хранат, ја шетаат и се грижат за неа. Велат дека тоа ќе продолжи се додека трае нејзиното заздравување за кое, за жал, ќе треба уште многу време. Оттаму се заблагодаруваат за сите кои помогнале во нивната мисија како единствено вакво здружение од регионот.

11180493_10153260882479581_1099618827_o

11165982_10153260882509581_2023532438_n

11187950_10153260882499581_76545514_o

11183108_10153260882339581_2129584276_o

маркетинг


Select