На 3-ти септември референдум во општина Босилово, жителите ќе гласаат за или против изградба на рудникот Иловица

На трети септември жителите на општина Босилово, струмичко ќе гласаат дали се за или против изградба на планираниот рудник за злато и бакар над селата Иловица и Штука. Пред донесувањето на оваа одлука од Советот на општината, жителите на оваа општина ги собраа потребните потписи.

Граѓанската иницијатива во југозападниот дел на Макадонија од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, сега се префрла и во Струмица.

Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Во рудникот ископ треба да се врши наредните 23 години, а во него ќе бидат вработени 400 лица.

Според Еуромакс ресорсис, компанијата што ги прави испитувањата на теренот, годишниот извоз би изнесувал 300 милиони долари, а целата инвестиција би чинела околу 500 милиони долари.

По успешниот референдум, општина Богданци и официјално ја повлече дадената согласност за изградба на рудникот Казандол. Оваа одлука е испратена до Владата и до надлежните министерства, кои ќе треба да ја донесат конечната одлука по веќе издаденото решение за експлоатација на компанијата Сардич за рудникот Казандол.

На 23 јули за овој рудник  се изјаснија и жителите на општина Дојран кои кажаа „не“ за рудникот Казандол, а референдумот во Валандово беше неуспешен.

маркетинг


Select
Ознаки: ,