Ми­те Сто­ил­ков: Мо­е­то ср­це рас­те ко­га пе­ам

1

Два­е­сет и ед­но­го­диш­ни­от Ми­те Сто­ил­ков од Стру­ми­ца е по­бед­ни­кот на вто­ра­та се­зо­на на „Ѕвез­ди­те на Пинк“. Ка­ко и не­го­ви­от бра­ту­чед Трај­че Ге­ор­ги­ев, кој стиг­на до фи­на­ле­то на вер­зи­ја­та за пом­ла­ди та­лен­ти на ова му­зич­ко шоу, и Ми­те уште од пр­ви­от мо­мент ги освои сим­па­ти­и­те на це­ла­та бал­кан­ска пуб­ли­ка. Пред сѐ со сво­јот му­зич­ки та­лент, глас и на­ста­пи, но, исто та­ка, и со сво­ја­та скром­ност, благ ка­ра­ктер и ста­ло­же­ност.

При­ват­но, тој е мом­че што во сло­бод­но вре­ме са­ка да из­ле­гу­ва, да по­се­ту­ва не­о­бич­ни ме­ста ка­де што при­ро­да­та оста­ви­ла свој пе­чат, а, се раз­би­ра, најм­но­гу са­ка ко­га по­ми­ну­ва ча­со­ви во сво­е­то сту­дио пе­еј­ќи ги хи­то­ви­те што се слу­ша­ат.

– Ја раз­би­рам смис­ла­та на жи­во­тот на еден по­и­на­ков на­чин. За ме­не му­зи­ка­та е глав­ни­от дви­га­тел, а инс­пи­ра­ци­ја­та ја цр­пам од среќ­ни­те и нас­ме­а­ни лу­ѓе око­лу ме­не. Ед­но­став­но, мо­е­то ср­це рас­те ко­га пе­ам, а тоа лес­но мо­же да се за­бе­ле­жи по мо­ја­та нас­ме­вка – ја поч­ну­ва Ми­те сво­ја­та при­каз­на.

Тој до­да­ва де­ка нај­го­ле­ма­та под­др­шка ја има од сво­е­то се­мејс­тво.

– Тие ми се сѐ во жи­во­тот. Уште од мно­гу мал та­тко ми и мај­ка ми го откри­ја та­лен­тот што го по­се­ду­вам – му­зи­кал­но­ста. Ве­ру­вам де­ка тоа не е слу­чај­но за­тоа што ток­му тој та­лент е нас­ле­ден од та­тко ми и од де­до ми. Ме ири­ти­ра фа­ктот де­ка ре­ал­но ние лу­ѓе­то че­сто зна­е­ме да ги пре­у­ве­ли­чу­ва­ме ра­бо­ти­те, па та­ка сме­там де­ка се­кој, вклу­чу­вај­ќи се и се­бе­си, тре­ба да оста­не та­ков ка­ков што на­ви­сти­на е – ве­ли Сто­ил­ков.

Ка­ко што ве­ли, суд­би­на­та са­ка­ше не­го­ви­от бра­ту­чед Трај­че Ѓор­ги­ев ми­на­та­та го­ди­на да учес­тву­ва на „Ѕвез­дич­ки­те на Пинк“ и да го освои ви­со­ко­то вто­ро ме­сто.

– Поз­на­вај­ќи ме де­ка по при­ро­да сум мал­ку ти­вок и пов­ле­чен и де­ка сам не би се при­ја­вил, Трај­че ме при­ја­ви и, на­ви­сти­на, од сѐ ср­це му бла­го­да­рам за тоа. Ко­га доз­нав де­ка сум при­ја­вен на „Ѕвез­ди­те на Пинк“ поч­нав со под­го­то­вки­те и ре­чи­си се­кој мој пос­ле­ден атом енер­ги­ја го тро­шев за да мо­жам да да­дам ма­кси­мум на го­ле­ма­та сце­на – ве­ли тој.

За Ми­те, не­го­ви­от бра­ту­чед Трај­че е ед­на пре­крас­на лич­ност, ко­ја мно­гу ја по­чи­ту­ва и ја са­ка.

– Се­ко­гаш бе­ше по­крај ме­не охра­бру­вај­ќи ме за се­кој мој на­ро­ден на­стап да би­де уште по­до­бар од прет­ход­ни­от, со по­мал­ку тре­ма, а по­ве­ќе си­гур­ност во се­бе. Ве­ру­вај­те ми, хе­ми­ја­та што по­стои ме­ѓу ме­не и Трај­че ус­пе­ва­ше со тоа што до­де­ка пе­ев, на се­кој мој на­стап чув­ству­вав не­ко­ја по­зи­тив­на енер­ги­ја што ми да­ва­ше си­ла – ве­ли Сто­ил­ков.

Да се би­де дел од „Ѕвез­ди­те на Пинк“ е го­лем ус­пех од по­ве­ќе ас­пе­кти, сме­та тој, но да се по­бе­ди е ка­ко да си го до­прел не­бо­то.

– Сре­ќен сум по по­бе­да­та и ед­но сум си­гу­рен, де­ка на­ро­дот ме из­бра со тоа што гла­са­ше за ме­не, а мо­е­то бла­го­да­рам ќе би­де со тоа што ќе би­дам се­ко­гаш ту­ка за не­го – до­да­ва Ми­те.

Сто­ил­ков ги па­ме­ти со­ве­ти­те на си­те што искре­но го са­ка­ат и го по­чи­ту­ва­ат, а тоа нај­че­сто е да оста­не та­ков ка­ков што е – ед­но­став­но, да не се ме­ну­ва.

– Са­мо та­ка ќе ја за­чу­вам автен­тич­но­ста и спе­ци­фич­но­ста. Ве­ру­вам де­ка ка­ко та­ков им се до­па­ѓам на лу­ѓе­то. Ка­ко што ве­ли Шекс­пир: Да би­де­ме скром­ни по на­пра­ве­ни­те де­ла – до­да­ва тој.

На пра­ша­ње­то кој му­зи­чар има­ше нај­го­ле­мо вли­ја­ние врз не­го и не­го­ва­та љу­бов кон му­зи­ка­та, без раз­мис­лу­ва­ње од­го­ва­ра – та­тко му!

– Тој е не­ве­ро­ја­тен му­зи­чар. Ме под­го­тву­ва­ше се­ко­гаш, за се­кој мој на­стап. Ед­но­став­но, чо­ве­кот е глав­ни­от ви­нов­ник што мо­и­те ин­тер­пре­та­ции беа та­кви. Ина­ку, го­лем мо­тив и инс­пи­ра­ци­ја, исто та­ка, ми бе­ше го­ле­ми­на­та на То­ше Про­е­ски. То­ше ми е во­дач во тоа ка­ко тре­ба да изг­ле­да ед­на ѕвез­да во се­кој ас­пект – ве­ли Сто­ил­ков.

По­бе­да­та со се­бе но­си и мно­гу од­го­вор­но­сти, но Ми­те ве­ли е под­го­твен за тоа што сле­ду­ва.

– Ре­ал­но, по­бе­да­та е и нов по­че­ток за ме­не. Пр­венс­тве­но са­кам да со­ра­бо­ту­вам со на­ши ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри, но, се­ка­ко, не ве­лам де­ка не по­са­ку­вам да со­ра­бо­ту­вам и со ком­по­зи­то­ри над­вор од Ма­ке­до­ни­ја. Единс­тве­но­то не­што што ќе ми прет­ста­ву­ва преч­ка е тоа што ќе мо­рам по­че­сто да па­ту­вам за Бел­град, а зна­е­ме де­ка не е тол­ку бли­ску. Но, ка­ко и да е, се на­де­вам де­ка при­до­би­вка­та од се­то тоа ќе би­де го­ле­ма – до­да­ва Сто­ил­ков.

Иа­ко ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка сце­на не е тоа што бе­ше, Ми­те е убе­ден де­ка и тоа ка­ко вре­ди да се би­де пе­јач во Ма­ке­до­ни­ја.

– Пр­во по­са­ку­вам да би­дам по­чи­ту­вам во мо­ја­та зем­ја, па по­тоа во дру­ги­те бал­кан­ски зем­ји. Пр­венс­тве­но мис­лам де­ка тре­ба да би­дам са­кан до­ма, па по­тоа со­се­ди­те да ме це­нат и са­мо та­ка ќе знам де­ка сум на ви­стин­ски­от пат – сме­та Сто­ил­ков.

Ко­га го за­де­вав­ме за тоа кол­ку дол­го ѕво­нев­ме пред да го до­би­е­ме на те­ле­фон, Ми­те приз­на де­ка, ре­ал­но, те­ле­фо­нот мно­гу по­че­сто му ѕво­ни по по­бе­да­та.

– Но, тоа мо­рам да го раз­бе­рам ка­ко дел од сла­ва­та што ја до­жи­ве­ав. По­ле­ка се учам да жи­ве­ам со ед­но та­кво тем­по на жи­во­тот. Ка­ко и да е, ми го­дат по­фал­би­те што стиг­ну­ва­ат од се­ка­де, но се­га при­ват­но­ста што ја имав по­ра­но сфа­ќам де­ка ве­ќе ни­ко­гаш не­ма да ја имам – ве­ли Ми­те, до­да­вај­ќи де­ка има мно­гу де­вој­ки што му пи­шу­ва­ат, но тоа за­се­га не­ка оста­не тај­на.

Извор: Република

(Текст објавен во 202. број на неделникот „Република“, 15.07.2016)

маркетинг


Select