МАРЈАН БАЈРАКТАРОВ: ОНОЈ НА КОЈ ЌЕ МУ ЈА ДАДЕТЕ ШАНСАТА ДА УПРАВУВА СО ГРАДОТ, Е ПОВИКАН ДА ГИ ЗАШТИТИ ВАШИТЕ ИНТЕРЕСИ, А НЕ ДА ГО ВОДИ ВАШИОТ ЖИВОТ

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

КАКО ШТО ВЕТИВ НА ДЕНОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ НА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, ИЗМИНАТИТЕ ДЕНОВИ ВОДЕВМЕ ПОЗИТИВНА ИЗБОРНА КАМПАЊА.

УБЕДЕН СУМ ДЕКА УСПЕАВМЕ ДОСЛЕДНО ДА ГИ ПРЕТСТАВИМЕ: НАШАТА ПРОГРАМА И КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ.

ВЕРУВАМ ДЕКА И ЈАС КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК УСПЕАВ ДА ВИ ГО ПРИБЛИЖАМ МОЈОТ КАРАКТЕР И МОЈАТА ИДЕЈА ЗА РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ И ПРАВЕДНО УПРАВУВАЊЕ СО ОПШТИНАТА.

КАКО ЧОВЕК СО ДОЛГОГОДИШНО РАБОТНО ИСКУСТВО, ЛИЧНО ВЕРУВАМ ДЕКА ТИМСКАТА РАБОТА НОСИ НАЈГОЛЕМ РЕЗУЛТАТ. ЗАТОА И КАМПАЊАТА БЕШЕ НАСОЧЕНА КОН ПРЕТСТАВУВАЊЕ И НА КАПАЦИТЕТОТ НА КАНДИДАТИТЕ ОД СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА.

ВЕРУВАМ ДЕКА УСПЕАВМЕ ДА ВИ ЈА ПРЕЗЕНТИРАМЕ НАШАТА ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА ПРЕКУ ПРОЕКТИТЕ КОИ ГИ ПРЕДЛАГАМЕ.

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

ПРЕД ВАС Е ИЗБОР НА НОВИОТ ТАТКО НА ГРАДОТ И ИЗБОР НА СОВЕТ СО КОЈ ЗАЕДНО ЌЕ РАБОТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ. ПРЕД ДА ОДЛУЧИТЕ НА КОГО ЌЕ ЈА ДА ДАДЕТЕ ДОВЕРБАТА, ВЕ МОЛАМ РАЗМИСЛЕТЕ –

ДАЛИ ДОСЕГАШНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ОДГОВОРИ НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ КАКО ГРАЃАНИ?

ДАЛИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ГИ ИМА ИСПОЛНЕТО ВЕТУВАЊАТА ДАДЕНИ ВО НИВНАТА ПРЕТХОДНА ПРОГРАМА?

ДАЛИ ЗА ВАС Е ПРИФАТЛИВО ДА ГЛАСАТЕ ЗА ИСТИ И НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА?

ДОДЕКА РАЗМИСЛУВАТЕ НА КОГО ЌЕ ГО ДАДЕТЕ СВОЈОТ ГЛАС НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ, СЕТЕТЕ СЕ ДЕКА ОНОЈ НА КОЈ ЌЕ МУ ЈА ДАДЕТЕ ШАНСАТА ДА УПРАВУВА СО ГРАДОТ, Е ПОВИКАН ДА ГИ ЗАШТИТИ ВАШИТЕ ИНТЕРЕСИ, А НЕ ДА ГО ВОДИ ВАШИОТ ЖИВОТ.

ПОТРЕБНА Е ХРАБРОСТ И МУДРОСТ ДА СЕ ДОНЕСЕ ПРАВИЛНА ОДЛУКА.

ВЕ ПОВИКУВАМ  ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ЗА ВИСТИНСКА ПРОМЕНА,  НОВА ЕНЕРГИЈА И НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА СТРУМИЦА.

СИТЕ ЗАЕДНО, НА 15-ТИ ОКТОМВРИ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ И ДА ГЛАСАМЕ ЗА ПРОМЕНИ ВО СТРУМИЦА.

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 13 ЗА МЕНЕ КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК,

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 13 ЗА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 13 ЗА ВАС, ЗА СТРУМИЦА.

МАРЈАН БАЈРАКТАРОВ: ДОДЕКА РАЗМИСЛУВАТЕ НА КОГО ЌЕ ГО ДАДЕТЕ СВОЈОТ ГЛАС НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ, СЕТЕТЕ СЕ ДЕКА ОНОЈ НА КОЈ ЌЕ МУ ЈА ДАДЕТЕ ШАНСАТА ДА УПРАВУВА СО ГРАДОТ, Е ПОВИКАН ДА ГИ ЗАШТИТИ ВАШИТЕ ИНТЕРЕСИ, А НЕ ДА ГО ВОДИ ВАШИОТ ЖИВОТ.

Posted by Strumica Denes on Friday, 13 October 2017

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,