МАКЕДОНИЈА СО ,,ШАЛОМ” ГО ОСВОЈУВА КУЛИНАРСКИОТ ТУРИЗАМ НА БАЛКАНОТ

На 5ти Декември во Софија во хотелот премиер Бест Вестерн во Софија ќе се одржи една од најзначајните церемонии на Балканот која е поврзана со кулинарскиот туризам. Манифестацијата ,,Балканските туристички награди” се одржува по трет пат а како репрезенти на нашиот град ќе бидат Вашиот портал Струмица Денес и еден од најдобрите ресторанти на Балканот ,,Шалом”
Во бугарските медиуми овие денови се почесто се пишува за струмичкиот ресторан. Во проделжение Ви ја пренесуваме објавата на СофијаПрес за ,,Шалом”
 
Македонскиот ресторан “Шалом” во Струмица беше номиниран од страна на партнерите на натпреварот – само два месеци тој пречека повеќе од 25.000 гости, што го препознаа како најпосетениот ресторан во Македонија во 2017 година.

Наградите и признанијата не запреа и тоа само девет месеци по отворањето Министерството за економија на Македонија објави дека ресторан Шаломе најуспешниот ресторан на годината.
За вкусот кој долго се запамети од посетителите, е виновен Шеф готвачот Зоран Андонов, член на ММЦЦ – здружението на повеќето најдобрите готвачи во Македонија, добитник на многу награди од европски и светски признанија.За неполна година неговиот тим од готвачи освои повеќе од 20 медали, признанија и статуетки.  “Овде доаѓате како гости, чувствувате како домаќини и си одите како вистински пријатели”, е мотото на Шалом.

Ресторан Шалом носи името од хебрејскиот јазик, на кој зборувал Исус Христос и значи мир, хармонија и благосостојба меѓу луѓето. Ресторан Шалом комбинира традиционалните и современи јадења,а може да ги задоволи апетитите на секој посетител, почнувајќи од традиционалните кујна до модерните светски вкусови.
Зголемувајќи ги критериумите, тој успеа да се разликува од другите ресторани и да стане ресторан со највисок ранг со максимален број ѕвезди во Македонија.

маркетинг


Select
Ознаки: