Маџиров гостин во Белград!

Македонскиот писател Никола Маџиров е гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамките на т.н. Крокодилова книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“, на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите.

Маџиров е роден во 1973 година во Струмица, каде што живее и денес. Тој е лиричар и есеист, преведувач и уредник. Координатор е на меѓународната мрежа за лирика „Лириклајн“ и во тоа својство е надлежен за Македонија, а бил и уредник во списанието за книжевност „Блесок“.  Неговите песни се преведени на 30 јазици.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,