Лепиткова: Општина Босилово од рудникот Иловица ќе има добивка од околу 3 милиони евра како и вработување на локалното население

За рудникот Иловица кој што сега е во фаза на добивање на дозвола за експлотација помина јавната расправа, а се уште не е издадено решението од страна на Министерството за животна средина по студијата за оцена на влијанието на животната средина, јас тука не би навлегувала колку се резервите меѓутоа со бројќи би кажала дека профитот што треба да се оствари од продажбата на тие моно метали кои што таму ги има се проценува дека ќе биде некаде од 3,5 до 4 милијарди долари, изјави заменик министерот за животна средина Соња Лепиткова, во гостувањето на Тв Нова.

-Дури 60 до 70 процент од оваа вредност ќе остане во Република Македонија, меѓутоа 100 до 200 милиони долари во проектот се предвидени за затворање на рудникот, значи тој треба да има доволно економски бенефит за да може тој рудник после своето завршување како таков да се врати во соствојба можеби подобра од првонбитната, а од друга страна секоја година една општина како Босилово пак зборувам со сегашните цени ќе има добивка некаде од 2,85 до 3 милиони евра во услови на запазување на сите можни стандарди, во тоа додатно и она што значи општествена одговорност како и соработка со локалното население и негов развој во сите попратни сектори, истакна Лепиткова.

Таа потенцираше дека со тоа општината ќе има развој на образованието, културата, здравството, спортот па дури и поквалитетно земјоделие и поквалитетна храна. Примената на сите техники се гарант за високо ниво на еколошки стандарди во еден регион.

-Имаме општини во овој момент кои имаат такво богатство но тоа не е ефиктуирано, тие тешко живеат, се иселуваат максимално иако се земјоделски, а отворањето на рудниците ќе значат високи плати и образован кадар кои што ќе произлезе од тие средини и враќање на кадрите кои што излегле но имаат желба да се вратат таму од каде што излегле и да продолжат во услови и стандарди кои што ќе нудат и повисоки од тоа каде што сега се наоѓаат или работат, потенцираше Лепиткова.

ИЗВОР: КУРИР

маркетинг


Select
Ознаки: , ,