Легендите живеат вечно – 6 години без македонската музичка икона Гоце Арнаудов

На денешен ден пред 6 години почина Гоце Арнаудов, едно од најголемите музички имиња во Македонија.

Во 2011 година на 6 декември неговото тело, на 52-годишна возраст, се предаде и ја изгуби битката со ракот на белите дробови.

 Гоце Арнаудов почина во клиника во Франција каде и се лекуваше, а беше погребан во неговата родна Струмица.

Најенергичниот пејач на естрадата и покрај болеста настапуваше и често велеше дека не сака да мисли на болеста.

Македонија и неговата родна Струмица се збогуваа од големиот македонски пејач и патриот, но ќе останат неговите песни, „Што ќе остане од Македонија“, „Проклети да се предавниците“, „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“…

Инаку, Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата Крик, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.
Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа веќе дваесет години е меѓу омилените фолк песни.

Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадевв на фестивалот Гоце Фест. Редовно и гостува на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а првите луѓе на градот му ја даваат наградата за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,