Легенди за настанокот на името на струмичкото село Колешино

Легенди за името на селото

Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селово своето име го го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот император Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

3

Според кажувањата на постарите жители на ова место, селото првин било лоцирано 500 метри појужно во месноста Лееште (Леши) и се викало Спаса. Потоа луѓето се преселиле во месноста Морлада, кога селото почнало да се вика Колешино, па дури отпосле се населиле на местото каде што и ден-денес живеат. Кањонот пак, на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.

Селото првпат се споменува во пишаните извори во пописот од 1519 година, кога имало дваесет христијански семејства и само едно муслиманско. Колешино и во текот на целиот период од османлиското владеење во Македонија, останало со чисто христијанско население.

1

2

маркетинг


Select
Ознаки: , ,