КОМАНДИР ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СТРУМИЦА!

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против З.Б (52) од валандовското село Раброво, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик на Македонија.

З.Б. како командир на полициската станица од општа надлежност Валандово, за грејната сезона 2014/2015 година за потребите на Полициската станица Валандово,  од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ -подружница „Саланџак“ Валандово, во 2014 година извршил нарачка и во шест наврати  примил  количина од 51,1 кубни метри огревно дрво во вкупна вредност од 188.932 денари. Сумата била фактурирана на Министерството за внатрешни работи, за наплата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“- подружница „Саланџак“ Валандово.Бидејќи во кругот на Полициската станица Валандово немало простор за складирање на наведената новонабавена количина дрва, поради постоечката залиха на огревни дрва од претходната грејна сезона 2013/2014 година, З.Б. наредил дрвата да се истоварат во склад во приватна сопственост на лице од Валандово. Притоа, не била изготвена документација за предадената количина на огревно дрво. Огревното дрво останало во складот и не било искористено за потребите на Полициската станица Валандово.

Дополнително, парното греење на Полициската станица Валандово, кое за загревање користело огревно дрво, на 10 февруари 2015 година прекинало со работа и оттогаш огревно дрво за греење не се користело, бидејки било вградено ново парно греење кое користи нафта.

Со ова дејствие З.Б. ја злоупотребил службената положба и овластување кое му било дадено од страна на Министерот за внатрешни работи и го оштетил Министерството за внатрешни работи за износ од 134.052 денари, соопшти МВР.

маркетинг


Select
Ознаки: ,