Колку и какви серии гледаат младите струмичани?

Младите своите омилени серии од англиското јазично подрачје, но и турските серии ги следат преку интернет, покажуваат резултатите од истражувањето на студентите од Институот за правно и политичко истражување на Универзитетот Гоце Делчев-Штип. Истражувањето е спроведено од страна на студентите од Струмица, а испитаници се околу 300 средношколци од Струмица, но и студенти од Штип и Струмица.

dolin

Шеесет и еден процент од младите се изјасниле дека сериите ги следат преку овој интернет, а над 30 отсто од нив сакаат сериите да ги гледаат на телевизија и тоа вообичаено женската популација.

И покрај тоа што во моментов се актуелни турските серии, сепак 40 проценти од младите сакаат да ги гледаат англо-американските серии, 37 проценти од нив ги гледаат турските, а помал е процентот на шпанските и индиските серии. Машките сакаат англо-американски серии, а турските се по преферирани од страна на женскиот пол.

cal

Омилен жанр е комедијата кај младите, но комедијата е истовремено омилен жанр и кај машкиот пол средношколци, а на пример кај машкиот пол студенти омилен жанр е криминалистичката серија. Тинејџерските серии најчесто се гледани од женскиот пол средношколци, додека романтичните серии се најчесто гледани од женскиот пол студенти. Драмите како жанр се преферирани многу повеќе од студентите.

Дневник

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,