Градоначалникот Јаневски на Форумот на тема „Децентрализацијата повторно во фокус“ во Струга

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, учествува на Форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“ кој што се одржува во Струга. Форумот се одржува во организација на УНДП, во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување“, финансиски поддржан од страна на Европската Унија, а присуствуваат градоначалници, претставници на министерството за локална самоуправа, ЕУ и УНДП. Присутните ги поздрави и за значењето на децентрализацијата зборуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Целта на Форумот е да се отвори дијалог меѓу централната и локалните власти во функција на подобрување на општинското управување.

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,