Излезе од печат монографијата на Киро Урдин – „Планетаризам“

23-151-

Уметничкото, духовното и интелектуалното патување на еден од најпознатите современи македонски уметници Kиро Урдин во светот и светот на културите, на 280 страници и повеќе од 1.000 фотографии во монографијата „Планетаризам“, излезе од печат во издание на „Магор“. – пишува Дневник.

– Нескротливата љубопитност и истражувачкиот порив го одведоа Kиро Урдин на пет континенти, со сликарско платно со површина од 48 квадратни метри во секоја посетена држава. Воодушевен од импресивноста на природата, античките култури и разновидноста на светското наследство, Kиро Урдин го исполнува платното со сите стекнати впечатоци и присвоени места. Опиен од соочувањето со храмови и пејзажи од четири различни агли на светот, и средбите со културите на местата што ги поминува, ги преведува своите исклучителни дела – наведе издавачот.

Kиро Урдин (Струмица, 1945 година) дипломира на правниот факултет во Белград во 1969 година. Од 1971. до 1973 година работел како новинар, а подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Од страна на „Академијата на филмот“ во Париз добива награда. Од 1984 година работел како слободен уметник во повеќе земји. Имал можност да твори во Франција, Сад, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван.

Објавувањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура.

Извор: Дневник

маркетинг


Select