„Избор“ од Струмица, социјално претријатие кое преку рехабилитациона програма за зависници произведува органски производи

Во текот на 2017 година во рамките на проектот Smart Start кој е кофинансиран од Европската Унија и се спроведува во пет земји: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција чиј носител за Македонија е Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), десет македонски невладини организации добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија. Разговораме со Сократ Манчев, претседател на Избор Струмица, една од десетте организации

Што работи Избор Струмица, која е социјалната а која е економската компонента на ова социјално претпријатие?
Здружението ,,Избор“ е невладина, непрофитна и непартиска организација, основана 1997 година како резултат на растечките потреби на заедницата од програми и сервиси на корисниците на дрога, алкохол, хазард и други психоактивни супстанци.
Преку програмите што ги нудиме низ еден мултидисциплинарен пристап овозможуваме едукативни, здравствени, социјални, психолошки и правни услуги, како и можност за вработување и самовработување на опоравените лица со проблем на зависност. Нудиме превентивни програми за континуирана едукација за превенција од употреба од дрога, алкохол, обуки за антистигма програми и активно развиваме наставни програми за превенција од ХИВ. Имаме и програма за унапредување на здравствени и социјални права на сексуални работници и програма за рехабилитација, ресоцијализација, реинтеграција-Терапевска Заедница ,,Покров”

ТЗ ,,Покров” е првата долгорочна рехабилитациона програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија отворена во 2009 година, структурирана по принципот на светските терапeвтски заедници. Програмата е ориентирана кон примена на негативниот идентитет на лицата со проблем на зависност низ повеќе психотерапевтски правци: когнитив-бихејвиор, системска семејна психотерапија, рационално-емотивна когнитивна бихејвиорална терапија и метод на терапевска заедница.

Во рамките на програмата на терапевската заедница Покров се развива социјалното претприемништво. Ваквиот пристап промовира позитивни општествени промени и социјална инклузија на сите клиенти кои целосно и успешно ќе ја завршат програмата, да добијат можност за вработување и на тој начин да станат дел од нашиот тим. Ваквиот наш пристап предвидува уште неколку иновативни решенија кои директно ќе влијаат на создавање на целосна самоодржливост на организацијата, а со самото тоа и на сите сервиси.

Социјалната компонента на организацијата е третманот, рехабилитацијата и ресоцијализацијата на лица со проблем на зависност од дрога, алкохол, и хазард во ТЗ Покров.

Економската компонента на организацијата е во делот на реинтегерацијата (социјалната вклученост) и е преку остварување на економски активности – органско производство на земјоделски производи. За лицата кои ја завршиле програмата и сакаат да останат да помагаат и работат во ТЗ Покров, преку економските активности се обезбедува вработување. Економската компонента се гледа и преку пронаоѓање на работно место во местото на живеење за лицата кои ја завршиле програмата во ТЗ Покров. Од економските активности имаме двојна корист затоа што преку нив се остварува работно окупациона терапија и се стекнуваат или зацврстуваат работни навики.

Економската и социјалната компонента во организацијата се во целосна синергија.

ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

маркетинг


Select
Ознаки: