Италјанските медиуми пишуваат за фудбалскиот талент на струмичанецот Давид Стојанов

Поранешениот ученик на струмичката гимназија, кој уште во средношколските денови активно тренираше фудбал, со својот талент руши рекорди во Италија. Инаку Давид во моментот игра за ФК „Белинцона“ и во 14 натпревари има постигнато 14 голови. Инаку, ФК „Белинцона“ се наоѓа на врвот на табелата и се навистина среќни што Давид беше дел од нивниот тим.

Рековме беше, затоа што Давид Стојанов е пред трансфер во Лугано, тим кој се наоѓа во прва лига и се бори за излез во Европа. Да напоменеме дека исто така за Лугано игра и нашиот познат репрезентативец Езџан Алиоски! Тимот на Струмица Денес на Давид му посакува многу успеси во иднина!

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,