ИНТЕРВЈУ: Љупчо Дориев–Со зборови не се опишува деби за репрезентација пред домашната публика

 

Кога за прв пат се запозна со фудбалската топка?

Имав само шест години кога татко ми беше во Беласица и тогаш за прв пат се запознав со фудбалската топка.

Кој е,, виновникот да го засакаш фудбалот и дали воопшто експериментираше со други спортови како дете или фудбалот е твоја прва љубов?

Господ ми ја подарил дарбата да играм фудбал и јас со најголема љубов тоа го правам.

Кој е твој матичен клуб и кој е првиот тренер со кој си работел?

Матичен клуб ми е ФК Струмесница од Зубово, се разбира татко ми е мојот прв тренер токму во овој клуб.

Сега си репрезентативец. Какво е чуството да дебитираш баш пред својата публика во Струмица?

09.10.2017 година e дата која засекогаш во мојот живот ќе остане во трајно сеќавање, со тоа што дебитирав токму пред домашната струмичка публика. При моето загревање ја почуствував атмосферата и аплаузите кои беа наменети за мене, ова навистина не може со зборови да се опише,на секого тоа му го посакувам да му се случи.

ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,